Родителите на Богдана радоста ја споделија со Цеца, а на Вељко ќе му ја остават куќата

Родителите на свршеницата на Вељко Ражнатовиќ се среќни што нивната ќерка е бремена и веќе почнале да се подготвуваат за свадбата, која е закажана за 24 ноември во хотелот “Хајат“ во Белград и на која ќе бидат поканети 500 гости. Мајката на Богдана, Даниела и таткото Богдан се пресреќни заради убавите вести, пишува курир.рс.
Бидејќи и Богдана пред само три дена дознала дека е бремена сега оди на прегледи во Белград, додека Вељко престојува кај нејзините родители во Тител, во куќата која ќе ја добие како мираз.
– Вељко во вторникот ми јави за убавите вести. Прво бевме во шок, а воедно и пресреќни. Не се надевавме на принова, затоа што за тоа не се разговараше ниту се вршеше притисок. Децата живеат заедно веќе една година во Белград и убаво им е. Мислевме дека уште ќе уживаат во љубовта и патувањата – вели гордиот дедо.
Идната баба на Вељко рекла дека откако ја дознала веста веднаш ѝ се јавила на сваќата Цеца, додавајќи дека и таа била пресреќна и дека радосната вест двете семејства ја прославиле со своите пријатели. За внучето кое е на пат рекла дека не е важно дали ќе биде момче или девојче, само да е живо и здраво.

Иако Вељко и Богдана планирале свадба за следната година, веста дека за седум месеци ќе станат родители ги забрзала подготовките.
– Венчавката ќе биде кон крајот на ноември. Во нашето село сите прашуваа кога ќе биде свадбата. Кога им велев дека не знам, никој не ми веруваше. Децата живеат заедно и убаво им е. После свадбата ќе живеат во Белград, затоа што не сакаат Цеца да ја остават сама. Овде исто така може да живеат, може да се каже дека куќата ќе му ја дадеме на Вељко во мираз, но тие се одлучија за поголем град. Нивната одлука за нас е заповед – рекол таткото на Богдана.
Тој исто така истакнал дека има зет за пример, и дека Вељко е момче на место и дека има добра душа. Нив, како што изјавил, не ги интересира тоа што претходно се пишувало за него.
– Нормално е младо момче со таков статус да излегува, да се проведува и да менува девојки. Меѓутоа, сега е сосема поинаков. Посветен е на Богдана и спортот. Ја третира и ја чува како кралица, а нам како родители тоа ни е најважно. Тој го сака Тител и редовно доаѓа – истакнал сватот на Цеца.

За својата ќерка, пак рекол дека воопшто не се променила и дека се однесува исто како и претходно.
– Без оглед на тоа што е со Вељко не се промени, па и понатаму ни помага околу фармата со пилиња. Еве, минатиот викенд беше овде и работеше со нас на пазар. Претходно воглавно работеше физички работи, дигаше тешки вреќи, а овојпат како да ја претчувствуваше бременоста не се заморуваше физички, раскажал татко и на Богдана.
Неговата сопруга Даниела рекла дека со фолк ѕвездата се во одлични односи, но дека немаат време често да се гледаат.
-Цеца има концерти, а ние си имаме работа. Немаме време како некогаш, поминаа тие времиња кога седевме и се дружевме по куќите. Ние со нив редовно се слушаме. Сега сме уште поповрзани, ќе имаме принова, па секако почесто ќе се гледаме. Сега сме семејство – рекла мајката на Богдана.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.