Родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани, како што најавија, денеска го блокираа кружниот тек кај двојниот мост на улицата Стево Теодосиевски.
Тие ја сменија стратегијата на изразување на револт поради бавната правда за нивните најблиски.
Во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани на 16 март загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени.


