четврток, 12 ноември 2026
Најново

Родителите од Кочани бараат одговорност од државата и институциите: Вашите раце се извалкани со крвта на нашите деца

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Роднините на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани бараат одговорност за сите коишто со своето молчење учествувале во ова злосторство.

По повод шест месеци од трагедијата во Кочани, во која животот го загубија 62 лица, родителите организираа „Марш за ангелите“. „Оваа трагедија не е само последица на една искра или на невнимание. Таа е последица на системска слабост и неодговорност“, порача една од мајките на жртвите

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Родителите прашаа каде биле инспекциите и институциите коишто морале да го затворат клубот кој работел без дозвола, но и каде се службениците коишто требале да ги извршат сите неопходни проверки за работата на објектот. 

„Тие молчеа и не постапија. Институциите се дел од државата. Ако тие не ја завршиле работата, тогаш државата има одговорност“, порачаа на маршот.

Според роднините на загинатите не е потребно да се казнат само неколку менаџери. Потребно е да има одговорност и во институциите во Македонија, за оние кои дозволиле клуб без дозвола да работи, одговорност за инспекторите кои затворале очи, потпишувале записници дека објектот ги исполнува условите за работа. Тие бараат правда и одговорност за сите коишто со своето молчење учествувале во ова злосторство“, со цел ваква трагедија да не се повтори. 


Сопругата на починатиот полицаец од Пробиштип го обвини Тошковски дека го поткупил неговото семејство за да не бара оставка

Поврзани вести