Родители, правите голема грешка ако ја пакувате храната на вашето дете, дознајте зошто мора да престанете со тоа

Научниците открија дека пакуваните производи се загреваат до температура на која се развиваат опасни бактерии.
Ако сте еден од грижливите родители кои на своите деца им пакуваат ужина за градинка или за на на училиште, а и самите на работа носите пакувана храна, време е да размислите дали тие намирници се исто здрави како и кога сте ги спакувале во кутија или кеса.
Истражувачите анализирале над 700 спакувани ужини и ручеци и дошле до заклучок дека намирниците во торбите се загреваат до тој степен, што претставуваат потенцијален ризик за здравјето.


Тие ја мереле температурата на стотина сендвичи, јогурти и други оброци. Биле шокирани кога сфатиле дека 97% од месото и месните преработки, 99% од млечните производи и 99% од зеленчукот спакуван во кеса или кутија, биле загреани до температура на која се развиваат опасни бактерии како ешерихија коли, салмонела и стафилокока ауреус.
Бидејќи бактериите се разможуваат на температура од 4 до 60 степени, храната која се чува на тие температури треба да се фрли доколку не се искористи во рок од 2 часа. Просечната температура на храната што е анализирана била 18 степени, а научниците тврдат дека тоа е “опасна зона“.
Децата се повеќе изложени на ризик, бидејќи помалите од четири години пет пати повеќе се разболуваат од бактериски инфекции.
Експертите советуваат во оброците кои ги носите со себе или ги пакувате за децата да избегнувате мајонез, да не ги чувате во кеса во фрижидер бидејќи така не можат да се изладат, а во торбата со ужина ставајте замрзната вода или сокови кои ќе ја одржуваат храната ладна подолг период.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.