Шведска цврсто стои зад Северна Македонија, ние ве поддржуваме како со политичка волја, така и со конкретни чекори. Моето охрабрување до вас е да го искористите моментумот на проширување додека е тука, додека постои нова енергија меѓу земјите-членки за овој процес.
Со сегашните безбедносни предизвици со кои сите денес се соочуваме, работејќи денес заедно како Европејци е многу поважно од кога и да било и нашата соработка е клучна за да се обезбеди мир, демократија, безбедност и просперитет во Европа и многу ги ценам разговорите што ги одржавме денеска. Ова го истакна шведската министерка за европски прашања Јесика Розенкранц на заедничката прес-конференција во Скопје со министерот за европски прашања Орхан Муртезани.
Таа посочи дека проширувањето на ЕУ е суштинско за градење на побезбеден континент и поисилна економија и оти во интерес на целата Унија е затоа Северна Македонија да успее со реформска работа и да се приклучи во ЕУ.
Одговарајќи на новинарско прашање за надминување на проблемот со Бугарија, таа посочи дека добриот дијалог со соседите е добредојден за самиот процес на пристапување.


