Рокас: Германско – Францускиот нон пејпер е обид за забрзување на евроинтеграцијата на Западен Балкан

   Евроамбасадорот Михалис Рокас изјави дека се уште не може да каже кој ќе биде исходот од германско – францускиот нон пејпер кој денеска беше презентиран на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, а со кој
 

-Разговорите во Тиват сеуште течат и сеуште неможам да кажам кој е конечниот исход од нон пејперот на Макрон. Мислам дека ова е обид да се отстрани администрацијата за да се забрза процесот и да се олесни со тоа што постапно ќе се воведуваат сите потребни постапки за пристапување на Западен Балкан во Европската унија, изјави евроамбасадорот Рокас, кој денеска заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски извршија увид во градежните работи на македонско-грчкиот граничен премин Маркова Нога – Лемос.
Во француско-германскиот нон пејпер презентиран на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, што го објави порталот „Нова.рс“, Европската комисија е повикана да подготви предлози за олеснување на постепената интеграција на земјите кандидати во Европската Унија, вклучително и привилегиран пристап до единствениот европски пазар врз основа на нивниот напредок во пристапните преговори и поцврсти врски со европските институции во секојдневниот процес на одлучување.
Во документот, со наслов „Нов поттик за проширувањето во пресрет на самитот ЕУ – Западен Балкан (5 јуни 2026) и самитот ЕУ – Молдавија (22 јуни 2026)“, се оценува дека „проширувањето останува една од најпривлечните понуди и највлијателни политички алатки што ги поседува Унијата“.
Постепена интеграција пред полноправно членство, предвидува нон пејперот на Германија и Франција

-Но на политиката на проширување ѝ е потребен нов поттик. Претстојните самити со Западен Балкан и Молдавија претставуваат можност што не смееме да ја пропуштиме. Нашата заедничка цел е да ја заокружиме Унијата како вистинска Европска Унија, се наведува во текстот.

The post Рокас: Германско – Францускиот нон пејпер е обид за забрзување на евроинтеграцијата на Западен Балкан appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: