Рокас: Македонија го одложи спроведувањето на реформите, судството остана без напредок

Министерот за правда Игор Филков изјави дека зајакнувањето на ефикасноста и независноста на судството е еден од највисоките државни приоритети и предуслов за враќање на довербата на граѓаните во институциите.

„Ова е критичен и одлучувачки момент за правосудниот систем. Мораме јасно и објективно да ја согледаме ситуацијата, бидејќи само преку точна проценка можеме да постигнеме трајни решенија“, рече Филков.

Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, потсети дека во извештајот на Европската комисија, судството добило оценка „без напредок“ и дека нивото на усогласеност со ЕУ е „умерено“.

„Имаше низа одложувања во спроведувањето на реформите во земјата. Во новиот концепт за Планот за раст, ЕУ не е донатор, туку „инвеститор“ во владеењето на правото, бидејќи парите се поврзани со резултатите“, изјави Рокас.

Според анализата на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, недостатокот на судии и судски персонал се оценува како најкритичен проблем во судството, со тенденција да се влошува секоја година, бидејќи Северна Македонија работи со половина помал број судии по глава на жител.
The post Рокас: Македонија го одложи спроведувањето на реформите, судството остана без напредок appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: