Рокас: Обврските од 2022 година мора да се исполнат

Евроамбасадорот Михалес Рокас денеска со слична порака како и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта – ЕУ има силна определба да го започне преговарачкиот процес, но заложбите од 2022 година мора да се спроведат.
                    – Претседателот на Европскиот совет беше овде, даде изјава и беше доста јасен. Сите знаеме дека заложбите направени во 2022 година треба да бидат спроведени. Со тоа има голема определба Северна Македонија да го започне процесот на преговори и нема сомнеж дека земјата припаѓа на европското семејство. Работиме доста активно со цел неопходните услови да се исполнат и да одиме напред. Најважно е во меѓувреме да имаме доверба и се надевам дека нашите соседи заедно со Европската унија ќе бидат доста контруктивни во наредните денови и месеци, изјави денеска Рокас за време на паузата на 23.конференција на КОСАП во Скопје.
The post Рокас: Обврските од 2022 година мора да се исполнат appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: