РОМАНСАТА СО БЕН АФЛЕК ЈА ПОДМЛАДИ И РАЗУБАВИ: Папарацо фотографии од Џеј Ло

Врцава, младолика, со стил…
Обновената врска на Џенифер Лопез и Бен Афлек ги однесе на ѕвезденото небо, а тие во моментов се најбарани кога станува збор за медиумските известувања.


Каде и да се движат папараците им се зад петици, а овој пат ја фатија поп дивата како оди на едно снимање во Лос Анџелес, а таа не ја симна насмевката од лицето, што докажува дека не се чувствувала толку среќна и задоволна долго време.
Таа се одлучи за бел, тесен фустан, патики со циркони и виткана коса, што и стои одлично, па никој не би помислил дека Џеј Ло наскоро ќе има 52 години.
Нејзината витка фигура и лице без брчки се должи на напорниот тренинг, хидратацијата и правилната исхрана.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.