Рома ја продолжи победничката серија, Лацио падна во Торино

Рома ја совлада Парма со 2:0, а Торино минимално го победи Лацио со 1:0, во последните две средби од 29.коло во Серија А.Рома со трите бода кои ги освои против Парма ја забележа четвртата победа на последните пет натпревари и се вклучи во борбата за третата позиција, која обезбедува пласман во Лигата на шампиони.Ерик Ламела со својот 12-ти гол сезонава и донесе предност на Рома, која на 20 минути до крајот на мечот, со гол од слободен удар, ја потврди Франческо Тоти.Фудбалерите на Торино запишаа важна победа во борбата за опстанок во лигата, благодарение на голот кој во 82.минута го постигна Бразилецот Жонатас.Лацио кој полека се оддалечува од третото место на табелата од 16.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Сијани.
MакфаксРома ја совлада Парма со 2:0, а Торино минимално го победи Лацио со 1:0, во последните две средби од 29.коло во

Пронајдете не на следниве мрежи: