Роналдо му испрати потпишан дрес на Трамп со важна порака поради војната меѓу Иран и Израел

Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо му испрати потпишан дрес на американскиот претседател Доналд Трамп со порака за помош во постигнувањето мир.Пораката на Роналдо доаѓа во екот на војната меѓу Израел и Иран, а дресот му го испрати шефот на Европскиот совет, Антонио Коста, на самитот на Г7 во Канада.Потоа Трамп се фотографираше покрај сонародникот на Роналдо, а Роналдо му напиша важна порака.„До претседателот на САД, Доналд Трамп. Играме за мир“, напиша Роналдо на дресот што му беше даден на претседателот на САД.За потсетување, 40-годишниот Португалец неодамна ѝ помогна на својата земја да ја освои Лигата на нации, а моментално ужива во паузата помеѓу две сезони.

Пронајдете не на следниве мрежи: