Роналдо? Не гледам зошто би го ангажирал

Кристијано Роналдо го раскина договорот со Манчестер јунајтед пред неколку недели и сега е слободен агент, па бара нов клуб за неговата иднина.

Медиумите го поврзуваа со голем број гиганти, меѓу кои и ПСЖ, по што одговор на тоа даде првиот човек на клубот, Насер Ал-Келаифи.

„Роналдо? Имаме три одлични фудбалери, Меси, Нејмар и Мбапе и тешко ми е да размислувам за Роналдо. Му посакувам сè најдобро. Тој е фантастичен фудбалер“, кажа Ал-Келаифи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.