Роналдо прогласен за играч на годината на Блискиот Исток: „Продолжувам со истата страст и глад“

Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо доби ново признание синоќа на церемонијата на доделувањето на наградите „Глоуб Сокер“ што се одржа во хотелот „Атлантис Ројал“ во Дубаи.

Имено, член на Саудиски Ал Наср ја освои наградата за најдобар играч на Блискиот Исток.

„Посебен момент за крај на годината. Продолжувам со истата страст, посветеност и глад како и секогаш за да ги остварам моите цели“, рече Роналдо откако ја прими наградата, додавајќи:

„Ви благодарам на сите што ме поддржавте оваа година!“

Инаку, напаѓачот на француската репрезентација и на ПСЖ, Усман Дембеле, ја освои наградата „Глоуб Сокер“ за најдобар играч на годината.

Наградите „Глоуб Сокер“ се заеднички организирани од Европската асоцијација на фудбалски менаџери (ЕФАА) и Европската асоцијација на клубови (ЕКА), а оваа награда се доделува од 2010 година.

Оваа година доминираше европскиот и француски шампион ПСЖ, освојувајќи дури шест награди.
The post Роналдо прогласен за играч на годината на Блискиот Исток: „Продолжувам со истата страст и глад“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: