Рот побара брзо отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија

На самитот на Западен Балкан што се одржува во полскиот град Познањ германскиот министер за Европа Михаел Рот изјави дека Берлин го поддржува процесот за пристапување на сите шест земји од регионот во Европската Унија.
“Сите ние сме одговорни да обезбедиме тој процес и да заврши“, рече Рот кој побара брзо отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Денес на самитот покрај лидерите на земјите од Западен Балкан ќе учествуваат и германската канцеларка Ангела Меркел, британската премиерка Тереза Меј, францускиот премиер Едуард Филип и полскиот претседател Анджеј Дуда.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.