Рубин Земон поднесе оставка од член на ИО на СДСМ

Рубин Земон, член на Извршниот одбор на СДСМ вечерва објави дека поднесува оставка од функцијата член на ИО на партијата.
– Сакајќи да го заштитам угледот на СДСМ од непринципелните напади кон мене, а со тоа не бирајќи средства да го инволвираат и моето семејство, а со цел да не бидам терет на борбата на партијата кон уривањето на оваа власт, поднесувам оставка од местото член ИО на СДСМ, стои во објавата на Фејсбук.
Неодамна беше објавена фотографија на Земон во друштво со антимакедонски активисти во Софија, а Земон наиде и на критики по неговата изјава за Гоце Делчев.
The post Рубин Земон поднесе оставка од член на ИО на СДСМ appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: