Американскиот државен секретар Марко Рубио официјално го информираше Конгресот на САД дека има намера да спои одредени одделенија на УСАИД со работата на овој американски оддел, со што од 1 јули официјално ќе заврши УСАИД.Во соопштението на Стејт департментот се вели дека Рубио нагласил дека е потребна странска помош за унапредување на американските национални интереси, заштита на границата и зајакнување на партнерствата меѓу сојузниците.Сепак, тој смета дека УСАИД не ја исполнила оваа цел.„За жал, УСАИД одамна отстапи од својата првична мисија. Како резултат на тоа, добивките беа премали, а трошоците превисоки. Благодарение на претседателот Трамп, оваа погрешна и фискално неодговорна ера сега заврши. Ги преориентираме нашите програми за странска помош за подиректно усогласување со она што е најдобро за Соединетите држави и нашите граѓани“, рече Рубио.Беше наведено дека до 1 јули ќе се изврши реорганизација, која ќе опфати пренасочување на одредени функции на УСАИД кон Стејт департментот.„Продолжуваме со основните програми за спасување животи и правиме стратешки инвестиции кои ги зајакнуваат нашите партнери и нашата сопствена земја. Ова е уште едно ветување дадено и испорачано на американскиот народ“, заклучи Марко Рубио.
Пронајдете не на следниве мрежи: