среда, 18 ноември 2026
Најново

Рубио: Не сакаме Европа да биде вазал на Соединетите Американски Држави

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави за време на неговата посета на Словачка дека САД не сакаат да видат „зависна“ или „вазална“ Европа од Вашингтон, објавија агенцијата Франс-прес и Ројтерс.

„Не сакаме Европа да биде зависна и не сакаме Европа да биде вазал на Соединетите Американски Држави“, изјави Рубио на прес-конференција во словачкиот главен град Братислава по средбата со премиерот Роберт Фицо, прецизирајќи дека сака да види „партнер“ во лицето на Европа.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Марко Рубио реагираше и на објавената изјава од пет европски земји, во која се открива дека рускиот опозициски лидер и критичар на Кремљ, Алексеј Навални, бил убиен во арктичка казнена колонија во Русија со моќен токсин од отровна дрвена жаба. „Секако дека сме свесни за изјавата, која е вознемирувачка. Запознаени сме со случајот Навални и сигурно немаме причина да се сомневаме во исходот од изјавата.“

Велика Британија и нејзините сојузници Франција, Германија, Шведска и Холандија изразија убедување дека Навални бил отруен со супстанцијата епибатидин, исклучително моќен нервен токсин што го лачат одредени видови отровни дрвни жаби во Јужна Америка. На прашањето зошто САД не се приклучиле на овој став, Рубио одговори дека тоа воопшто не била иницијатива на Вашингтон.

„Овие земји дојдоа до овој заклучок. Тие ја координираа студијата. Ова не значи дека ние го оспоруваме или се обидуваме да се расправаме со овие земји околу резултатите. Но, ова е нивниот став што го објавија“, нагласи Рубио.

Поврзани вести