“Ругање за Христос“ од утре слободно ќе се прикажува

Државниот правобранител на Р. Македонија утре ќе го повлече предлогот до Основниот суд Скопје 2 за изрекување на мерката времена забрана за прикажување на филмот „Ругање со Христос”.
Според соопштението од Државното правобранителство за МИА, решението е донесено по направени дополнителни и целосни согледувања и правни анализи.
– Од страна на Државниот правобранител, после информацијата дека филмот веќе се емитува, констатирано е дека по однос на барањето нема веќе правна основа. Согласно ингеренциите, постапувањето на Државниот правобранител ќе биде насочено единствено кон заштита на имотните права на Република Македонија поврзани со исплатите на надоместокот за филмот од Буџетот на Република Македонија, наведуваат од Државното правобранителство.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.