Рузмаринот може да ја зголеми способноста за помнење

Рузмаринот како традиционален лек се користи со векови за најразлични проблеми со здравјето, но најновите истражувања покажуваат дека помага и кај луѓе кои имаат проблеми со помнењето.
Испитувањата покажуваат дека рузмаринот содржи карнозична киселина која е ефикасен лек против токсичните елементи кои го зафаќаат мозокот. Ако секој ден по пет минути се мириса растението, може да ја зголемите способноста за помнење за дури 75 отсто. Во растението има природни состојки кои го содржат протеинот на човековиот мозок, што позитивно влијае на неговата работа, така што тој побрзо размислува и носи одлуки. Рузмаринот исто така ги обновува оштетените ДНК клетки.


Испитаниците требало да вдишуваат етерично масло од рузмарин. Резултатите покажуваат дека првата група составена од лица на возраст меѓу 60 и 75 години подобро се сеќаваат на некои работи, за разлика од групата која имала задача да не вдишува од рузмариновото масло. Тоа е од огромно значење за извршувањето секојдневни обврски.
Истражувањето покажало дека ова растение содржи и други хемиски споеви поволни за меморијата. Главна состојка во таа смисла, е цинеолот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.