четврток, 12 ноември 2026
Најново

Руни нема намера да го напушти Манчестер Јунајтед

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, по завршувањето на сезоната ќе ги започне преговорите за потпишување на нов, повеќегодишен договор со ’црвените ѓаволи’.

Руни и покрај огромниот интерес кој за неговите услуги го покажува Пари Сен Жермен, сака до крајот на кариерата да остане во Манчестер Јунајтед. Актуелниот договор на напаѓачот со Манчестер Јунајтед истекува во јуни 2015 година, според истиот Руни има неделна плата од 250.000 евра. Англискиот репрезентативец, оваа сезона, на 23 натпревари во Премиер лигата има постигнато 12 погодоци.
Макфакс
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, по завршувањето на сезоната ќе ги започне прегово

Поврзани вести