Русите изведоа ракетен напад во близина на местото каде беа Зеленски и грчкиот премиер

Силна експлозија се случи во Одеса непосредно пред средбата на грчкиот премиер со претседателот на Украина. Во регионот веднаш било издадено предупредување за опасност од воздух

Руски сили истрелаа проектил кон Одеса додека грчкиот премиер Киријакос Мицотакис беше во посета на градот. Грчкиот медиум „Прототема“ наведува дека цел на руските сили била колоната на украинскиот претседател Володимир Зеленски, а експлозијата се случила на 150 метри од грчката делегација предводена од Мицотакис.

Според извори на „Прототема“, никој од членовите на грчката делегација не е повреден.

„Безбедноста на премиерот или грчката делегација не е загрозена“,

објавија официјални владини извори.

Силна експлозија се случи во Одеса непосредно пред средбата на грчкиот премиер со претседателот на Украина. Во регионот веднаш било издадено предупредување за опасност од воздух.

Зеленски и Мицотакис веќе разговарале за одбранбените потреби на Украина. Грчката влада им наложила на релевантните агенции да подготват пакет воена помош за Украина, кој ќе вклучува оружје и опрема што веќе не ги користат грчките вооружени сили.

Зеленски рекол дека бил доволно блиску за да го види и чуе ударот. Тој додал дека за време на нападот биле убиени и ранети неколку луѓе.

„Денес го имавме овој удар. Гледате со кого си имаме работа, не им е гајле каде напаѓаат. Знам дека денеска имаше жртви, сè уште не ги знам сите детали, но знам дека има мртви и повредени“,

рекол тој.

Митотакис: Слушнавме силна експлозија

Капетанот Дмитро Плетенчук, портпарол на украинската морнарица, подоцна извести за последиците од нападот.

„Непријателот ја гаѓаше пристанишната инфраструктура на градот. Пет лица загинаа. Во тек е истрага и се утврдуваат сите околности за уште едно воено злосторство извршено од Руската Федерација. Ние треба да се браниме пред сè. Најдобар начин да го направиме тоа е со систем за противвоздушна одбрана“,

рече тој.

Мицотакис потврдил дека Зеленски го однел низ градот, кој претрпе огромни штети од неколкумесечните руски напади, пред да се слушнат сирените за воздушен напад.

„Набргу потоа, додека влегувавме во нашите автомобили, слушнавме силна експлозија. Мислам дека тоа е најдобриот потсетник за нас дека овде се води вистинска војна. Секој ден е војна, која не ја ги погодува само линијата на фронтот и војниците, но и невини граѓани“,

рекол Мицотакис.

Си-ен-ен: Најризичната одлука на Зеленски од почетокот на војната

За нападот се огласија и Русите.

„Денеска во 11:40 часот по московско време, руските вооружени сили извршија високопрецизен ракетен напад врз хангар во индустриската пристанишна зона Одеса, каде што се вршеше подготовка за борбена употреба на беспилотни чамци на украинските вооружени сили“,

соопшти руското Министерство за одбрана.

Зеленски често патува со висок ризик до првите линии на фронтот и пречека десетици светски лидери во Украина за време на повеќе од двегодишната војна со Русија. Си-ен-ен пишува дека денешната посета на Одеса веројатно била најризичната одлука на Зеленски од почетокот на војната.

Русија со месеци истрела проектили кон Одеса, пред се насочени кон магацините за жито во Украина. Во саботата, 12 лица, меѓу кои пет деца, беа убиени во напад на руски дрон на станбен блок во Одеса.

Пронајдете не на следниве мрежи: