Русија го остави Мадуро на цедило

Напредните руски противвоздушни системи што Венецуела со години ги претставуваше како клучна одбрана од американска интервенција, се покажаа како речиси нефункционални за време на неодамнешната воена операција на САД, пишува „Њујорк тајмс“.

Според тврдењата на четворица сегашни и поранешни американски функционери, системите С-300 и Бук-М2 , произведени во Русија, не биле ниту поврзани со радарите во времето на нападот, додека одредени компоненти сè уште биле складирани, но не биле оперативни. Затоа, како што наведуваат, воздушниот простор на Венецуела бил практично незаштитен кога Пентагон ја започнал операцијата „Апсолутна решителност“ .

Анализата на фотографии, видеа и сателитски снимки што ги видел „Њујорк дејли“ покажува дека американските сили погодиле повеќе локации каде што биле лоцирани или складирани системите Бук, вклучувајќи ги и воздухопловните бази и пристаништата во близина на Каракас.

Весникот наведува дека и покрај месеците предупредувања, Венецуела не била подготвена за американска инвазија. На некои места, лансерите биле уништени пред дури и да бидат ставени во оперативна употреба.

Експертите како причини за неуспехот ги наведуваат долгорочната корупција , лошата логистика, недостатокот на резервни делови, како и последиците од меѓународните санкции.

„По години корупција, лоша логистика и санкции, сите овие работи сигурно би ја деградирале подготвеноста на системите за воздушна одбрана на Венецуела“, рече Ричард де ла Торе, поранешен началник на станица на ЦИА во Венецуела, кој сега ја води „Тауер стратеџис“, лобистичка фирма со седиште во Вашингтон.

Венецуела во 2009 година објави дека купува воздушна одбрана од Русија поради тензиите со Вашингтон.

Левичарскиот претседател на Венецуела во тоа време, Уго Чавез, го прогласи оружјето за средство за одвраќање од американската агресија.

Footage shows Venezuelan ground forces utilizing a MANPADS at a helicopter from the 160th Special Operations Aviation Regiment during the final phase of Operation Absolute Resolve. Shortly after the launch, retaliatory fire was observed, likely delivered by MH-60M DAPs or… pic.twitter.com/ZEhc8rZFBL— GMI (@Global_Mil_Info) January 4, 2026

Некои аналитичари, исто така, проценуваат дека Русија сноси дел од одговорноста, бидејќи не обезбедила системите да бидат целосно оперативни, додека Москва истовремено се соочува со големи воени барања во војната во Украина. Некои поранешни американски функционери сметаат дека Русија можела тивко да дозволи системите да пропаднат за да избегне директна конфронтација со САД во случај на соборување на американскиот авион.

Падот на режимот на Мадуро и новото, иако кревко, зближување на Каракас  со Вашингтон се сметаат за сериозен удар врз руското влијание во Латинска Америка.

Во текот на изминатите 15 години, Москва постепено го обнови своето присуство во Латинска Америка по распадот на Советскиот Сојуз, зголемувајќи ја продажбата на оружје во регионот и склучувајќи нови сојузи, особено со Венецуела, но тој сојуз можеби не е толку силен како што го претставуваат Русија и Венецуела.

Москва му сигнализирала на Вашингтон дека ќе им даде на Американците неограничено влијание во Венецуела во замена за слобода на дејствување во Украина, според Фиона Хил, која ги водеше руските и европските прашања во Советот за национална безбедност за време на првата администрација на американскиот претседател Доналд Трамп.

Русија и Венецуела потпишаа договор за стратешко партнерство во мај, кога Мадуро ја посети Москва, за проширување на врските, вклучително и одбранбената соработка. Но, според „Њујорк тајмс“, тој не обврзуваше ниту една земја на колективна одбрана .

The post Русија го остави Мадуро на цедило appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: