Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров му пренел дека Србија поднесува барање за итна седница на Советот за безбедност на ОН поради ситуацијата на Косово и Метохија, а додаде дека Лавров му ветил поддршка.
Дачиќ објасни дека барањето за итна седница на Советот за безбедност на ОН е поднесено поради општата ситуација на Косово и Метохија, теророт врз Србите, обидите за укинување на динарот и сè што претставува кршење на резолуцијата 1244 и сите други меѓународни документи поврзани на Косово и Србија.
- Зошто децата се однесуваат најлошо кога се со мајка си? Причината е прекраснаВсушност, тоа е еден вид комплимент, кога ќе размислите за тоа…… Read more: Зошто децата се однесуваат најлошо кога се со мајка си? Причината е прекрасна
- Северина по победата на студентите во Србија: Горда сум на вас до солзиХрватската пејачка Северина Вучковиќ се огласи по победата на Студентската листа… Read more: Северина по победата на студентите во Србија: Горда сум на вас до солзи
- Бирол предупредува: Нема брзо враќање на енергетскиот пазар во нормала, притисокот врз дизелот продолжува и во 2027 годинаИзвршниот директор на Меѓународната агенција за енергетика, Фатих Бирол, предупреди дека… Read more: Бирол предупредува: Нема брзо враќање на енергетскиот пазар во нормала, притисокот врз дизелот продолжува и во 2027 година
- Андоновски: Електронските услуги им го олеснуваат работењето на компаниитеМинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во Стопанската комора на… Read more: Андоновски: Електронските услуги им го олеснуваат работењето на компаниите
- Трамп има нов план: Орбан доаѓа на чело на Обединетите нации?Американскиот претседател Доналд Трамп сака поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан да… Read more: Трамп има нов план: Орбан доаѓа на чело на Обединетите нации?
– Шефот на Постојаната мисија на Србија во Обединетите нации, Немања Стевановиќ поднесе барање за одржување итна седница на Советот за безбедност. Барањето за итна седница е поднесено до Чаир, односно Гвајана. Тоа барање може да се усвои без гласање, односно без приговори, но ако некој бара, може и да се гласа, бидејќи тоа е практика која е воведена последните години. Сметаме на таква ситуација сите земји сами да го прифатат одржувањето на оваа седница – изјави Дачиќ по министерскиот состанок за Западен Балкан во Рим.
Дачиќ додаде дека образложението на барањето за итната седница ја содржи целата хронологија и опис на актуелната состојба на Косово и Метохија.
– Многу брзо ќе имаме одговори на сите овие прашања. Амбасадо рот на Гвајана сигурно ќе свика состанок на кој ќе се разговара за ова прашање. Зборував со моите колеги и разговарав со претседателот утрово. Делот што сега е во ред е дел од она со што се занимава МНР. Сè останато подготвија канцеларијата за Косово и Метохија и преговарачкиот тим предводен од претседателот, со што одиме на седницата – рече Дачиќ.
Пронајдете не на следниве мрежи:



