Русија ги повика САД да ги разјаснат „контрадикторните сигнали за можното продолжување на нуклеарните тестови“, велејќи дека таков потег би предизвикал реакции не само од оваа земја, туку и од другите.
Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела ѝ нареди на американската војска веднаш да започне со процесот на повторно тестирање на нуклеарно оружје. Сепак, тој не разјасни дали ова се однесува на тестирање на ракети способни да носат нуклеарни боеви глави или на повторно спроведување тестови што вклучуваат нуклеарни експлозии, што ниту САД ниту Русија не го направиле повеќе од три децении.
„Ако е второто, тоа ќе создаде негативна динамика и ќе предизвика чекори од други земји, вклучително и Русија, како одговор“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, и додаде:
„Засега, забележуваме дека сигналите што доаѓаат од Вашингтон, кои предизвикуваат оправдана загриженост во сите делови на светот, остануваат контрадикторни и, секако, вистинската состојба на работите мора да се разјасни“.
Поради неизвесноста околу американските планови, рускиот претседател Владимир Путин во среда им наложи на високите функционери да подготват предлози за можна руска нуклеарна проба како одговор на можна американска.
Безбедносните аналитичари велат дека продолжувањето на тестирањата од страна на која било од светските нуклеарни сили би бил дестабилизирачки чекор во време на акутни геополитички тензии, особено поради војната во Украина, и веројатно би ги поттикнало другите земји да го сторат истото.
Последниот преостанат договор меѓу двете страни, кој го ограничува бројот на стратешки нуклеарни боеви глави на двете страни, истекува за три месеци, што би можело дополнително да ја поттикне веќе тековната трка во вооружување.
Путин предложи двете страни да продолжат да ги почитуваат ограничувањата од тој договор уште една година, но Трамп сè уште официјално не одговорил на тој предлог.
The post Русија и Америка на работ на нуклеарна криза, договорот меѓу Трамп и Путин истекува за три месеци: „Забележуваме сигнали“ appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



