Русија и Кина ставија вето на резолуцијата на ОН предложена од САД за прекинот на огнот во Газа

– Русија и Кина ставија вето на последниот обид во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) денес, предводен од Соединетите Американски Држави (САД) кој го поврзува прекинот на огнот во Газа со ослободувањето на заложниците од Хамас и повика на поддршка за дипломатијата.Резолуцијата доби значителна поддршка во Советот, при што 11 од неговите 15 земји членки гласаа „за“. Сепак, Русија и Кина, како постојани членки на Советот, гласаа „против“, не изгласувајќи ја резолуцијата. Алжир, исто така, гласаше „против“, додека Гвајана беше воздржана.Во резолуцијата, која ја нагласува важноста на одржливиот прекин на огнот, што треба да се постигне преку дипломатски напори, се истакнува дека „Хамас и другите терористички и екстремистички групи не го претставуваат палестинскиот народ“ и се истакнува дека Хамас е означен како „терористичка организација од некои земји членки“.Коментирајќи го ветото на Русија и Кина, Линда Томас-Гринфилд, претставничка на САД во ОН, рече: „Русија и Кина едноставно не сакаа да гласаат за резолуција што беше напишана од Соединетите Американски Држави, бидејќи повеќе би сакале да не успееме отколку да видат дека овој Совет успеал.“

Пронајдете не на следниве мрежи: