,,Русија корости хемиско оружје! САД ја обвинуваат Русија дека користи смртоносен гас на фронтот: Се огласи и Кремљ

САД ја обвинија Русија за употреба на хемиско оружје на бојното поле во Украина и за кршење на меѓународните закони кои ја забрануваат неговата употреба, јавува Би-Би-Си.Претставници на Стејт департментот изјавија дека Русија го користела асфиксирачкиот хлорпикрин за да добие предност на бојното поле во Украина.Наводите, за кои американски официјални лица рекоа дека не се „изолиран“ инцидент, ја прекршуваат Конвенцијата за хемиско оружје (CWC), чиј потписник е Русија.Кремљ: Американските обвинувања се неоснованиКремљ ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги „неосновани“. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите во Москва дека Русија останува на своите обврски од CWC, кој им забранува на државите да развиваат или набавуваат хемиско оружје. Околу 193 земји ја ратификуваа конвенцијата.Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW), глобален регулатор кој го надгледува спроведувањето на CVC, вели дека хемиското оружје е супстанца што се користи за намерно да предизвика смрт или повреда поради неговите токсични својства.Што е хлорпикрин?Хлорпикрин, за кој САД велат дека Русија го користела за да ги потисне украинските сили од зацврстените позиции, е супстанца на база на нафта која била широко користена за време на Првата светска војна.Предизвикува иритација на белите дробови, очите и кожата и може да предизвика повраќање, гадење и дијареа, според американскиот Центар за контрола на болести (ЦДЦ).Употребата на хемикалија во војување е изрично забранета со CVC и наведена од OPCW како асфиксија. Стејт департментот, исто така, рече дека Москва редовно користела „агенти за контрола на немири“ или солзавец за време на војната, јавува Би-Би-Си.Бајден претходно вети дека Путин ќе плати висока цена доколку навистина одобри употреба на хемиско оружје.Американскиот претседател Џо Бајден претходно ја предупреди Русија да не користи хемиско оружје во Украина.Во март 2022 година, неколку недели откако Москва ја започна инвазијата, Бајден вети дека рускиот претседател Владимир Путин ќе плати висока цена ако одобри употреба на хемиско оружје.„Ние би одговориле доколку тој го искористи. Природата на одговорот ќе зависи од природата на употребата“, рече Бајден.

Пронајдете не на следниве мрежи: