Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров испрати порака до европските политичари, нагласувајќи дека одговорот на Русија на евентуален напад врз неа би бил разорен.
-За политичарите во Европа кои не разбираат, а на кои, се надевам, ќе им биде прикажано ова интервју, повторувам уште еднаш: нема потреба да се плашат дека Русија ќе нападне некого – рече Лавров.
Потоа тој додаде: „Ако некој се осмели да ја нападне Русија, одговорот ќе биде разорен“.
Лавров потсети дека таковиот став јавно го искажал неколку пати рускиот претседател Владимир Путин.



