Русија соопшти за петмина загинати по украинско гранатирање на пекара во Лисичанск

Руското Министерство за вонредни ситуации објави дека тела на пет лица биле извлечени од урнатините на пекара во Лисичанск во самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР), во источна Украина, тврдејќи дека инцидентот бил предизвикан од украински напад.

-Во Лисичанск, вработените во руското Министерство за вонредни ситуации извлекоа шест лица од под урнатините. Пронајдени се и телата на пет жртви, соопшти руското Министерство на својот канал на „Телеграм“.

Министерството за вонредни ситуации објави снимка од извлекување на згмечен автомобил од спасувачките екипи од урнатините на двокатната зграда.

Претходно, лидерот на ЛНР, Леонид Пашечник, објави дека украинските војници гранатирале пекара во Лисичанск и додаде дека три лица се пренесени во болница, а под урнатините може да има неколку десетици цивили.

Како што е наведено од канцеларијата на командантот на ЛНР, под урнатините може да има и до 40 лица. Украинските власти засега не го коментираат овој инцидент

Пронајдете не на следниве мрежи: