Русија: Удар на метеор, над 700 повредени

Повеќе од 700 луѓе се повредени по експлозијата на метеор во долниот дел на атмосферата над Урал. Во три руски града во Чељабинската област преку која прелета „метеорскиот дожд“ завладеа вистинска паника.
Сведоци кажуваат дека на небото се случиле повеќе експлозии од кои се треселе куќите, а прозорците пукале. Според најновите информации, повредени се 725 луѓе, од кои 159 деца. Кај повеќето повредени станува збор за полесни повреди, предизвикани од пукнатото стакло на прозорците.Над 100 луѓе се хоспитализирани, додека тројца се посериозно повредени, а двајца се наоѓаат на одделението за интензивна нега. Исто така, отворена е итна телефонска линија за сите оние на кои им е потребна психолошка помош.Руската војска соопшти дека го пронашла кратерот и негираше дека истрелала против-воздушен проектил за да го распарчи метеорот на повеќе мали делови.„Министерството за одбрана на Русија не спроведе ниту една акција поврзана со овој инцидент. Ниту едно наше летало не е регистрирана во тој дел во времето на експлозијата“, се наведува во соопштението на Министерството, пренесува Russia Today.Министерството за вонредни ситуации тврди дека остатоци од метеорот на Урал не се пронајдени, а официјалниот воен претставник на округот Јарослав Рошчупкин  рече дека на местото на кое се претпоставува дека паднал еден од фрагментите на метеорот, брегот на езерото Чебаркуљ, пронајден е кратер со пречник од околу шест метри.Еден локален претставник на Министерството за вонредни ситуации рече дека метеорот се распаднал над Урал и делумно изгорел во атмосферата, а дека парчиња паднале на земјата во ретко населените предели на Чељабинската област, 1.500 километри источно од Москва.Руските медиуми јавуваат дека мерењата не покажале зголемена радијација.Јасно светло можело да се забележи на просторите на регионот Чељабинск, Тјумен и Свердловск, но и од северен Казахстан.За Б92 телефонски се јавил еден очевидец од Тјумен, град оддалечен 800 километри од местото на експлозијата.„Иако експлозијата се случи 800 километри од нас, ни се чинеше дека одекна на оддалеченост од пет километри. Видов тиха зажарена топка со опашка како прелетува над мојата глава. Метеорот експлодираше во воздух, на висина од пет километри, над Чељабинск“, рече очевидецот, при тоа додавајќи дека војската веднаш реагирала и ја подигнала борбената готовност на највисоко ниво.Руската вселенска агенција Роскосмос не го следеше падот на метеорот.„Нашите постројки не го следеа ова небеско тело“, рече портпаролот на Роскосмос.Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Вадим Колесњиков ја потврди претходната информација дека се урнал покривот на една фабрика за цинк, со површина од 600 квадратни метри, јави АП. Сведоците велат дека експлозијата била толку силна, што потсетувала на удар на гром и земјотрес во исто време.Градските власти наложија итно вградување на пластични прозорци на сите оштетени објекти, а градинките и училиштата ќе бидат затворени во следните два дена.Како што јавува Russia Today, повеќе од 3.000 згради се оштетени во регионот Чељабинск, меѓу кои и 34 болници и 360 училишта и градинки.Рускиот претседател Владимир Путин издаде итна наредба на Министерството за вонредни ситуации да се направи проценка на материјалната штета, нагласувајќи дека „астрономскиот аспект на овој инцидент е многу важен бидејќи анализата на падот на овој метеор може да ни помогне правовремено да реагираме и на време да ги предупредиме луѓето“.Руското Министерство за вонредни ситуации информираше дека на местото на настанот испратило 20.000 спасувачи, како и три летала. Демантирана е првичната информација дека телекомуникациските врски се во прекин.Се појавија и шпекулации дека „дождот“ го предизвикале делчиња од астероидот 2012 ДА14, кој денеска ќе „прелета“ покрај Земјата на рекордно мала оддалеченост, но таа теорија беше отфрлена.Одделни руски медиуми го пренесоа објаснувањето дека овој метеор не бил забележан порано бидејќи доаѓал од правецот на Сонцето.Експлозијата направила помала озонска дупка над Чељабинск, а нејзината сила е проценета на повеќе десетици килотони.„Штом имате таква експлозија, имате и дупка, така што нè очекува зголемено ултравиолетово зрачење. Верувам дека сè се случило на височина од околу 50 километри. Сепак, нема опасност од контаминација со радијација. Веројатно сега некаде постои кратер, но метеорите обично не се радиоактивни, а нивниот најсилен ефект е светлината и ударот од експлозијата“, изјави астрофизичарот Сергеј Замоздра.Тој додаде дека ќе треба време додека не бидат пронајдени сите фрагменти, како и тоа дека настан од ваков интензитет се случува на Земјата секои 30 години.Рускиот премиер Дмитриј Медведев изрази надеж дека нема посериозни инциденти и додаде дека овој метеорски дожд би можел да биде симбол на претстојниот економски форум во Русија.„Овој настан покажа дека не е ранлива само економијата, туку и целата планета“, рече Медведев.
Макфакс Повеќе од 700 луѓе се повредени по експлозијата на метео

Пронајдете не на следниве мрежи: