четврток, 12 ноември 2026
Најново

Руската армија ги заменува тенковите со брзи и скриени единици

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Русија го трансформира фронтот во Украина, заменувајќи класични тенковски колони со мали, мобилни единици на мотори, пренесува Deutsche Welle. Новиот пристап им овозможува на руските сили да напредуваат километар по километар со брзина и минимална видливост, користејќи дронови за извидување.

„Командантот нè води преку дрон – ‘малата птица’ – кој ни покажува каде се противничките сили и во кој број“, изјавил еден руски војник.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Аналитичарите велат дека тенковите сега повеќе се користат за транспорт, додека во борбите доминираат мали тимови од два до четири војници, често маскирани за да избегнат откривање од термални камери и дронови. Стратегијата, наречена „инфилтрација“, се применува на повеќе делови од фронтот и според руските извори носи територијални придобивки.

Ова ја потврдува проценката дека денешната војна се води преку мобилни единици и беспилотни летала, а не преку традиционалните тешки бригади и артилерија.

Поврзани вести