Руската православна црква го поздрави изборот на новиот папа

Руската православна црква го поздрави изборот на новиот папа Франсиск Први, изјави во четвртокот портпаролот на црквата, отецот Александар Волков.
„Руската црква ја поздравува одлуката на конклавата на Римската црква и, како и претходно, се надева дека односите помеѓу православните и Католичката црка ќе се развиваат на позитивен начин“, изјави Волков, пренесува агенцијата РИА Новости.Аргентинецот Хорхе Марио Бергољо е првиот Папа од американскиот континент. Тој беше избран во средата навечер за наследник на Benedikt XVI.Надбискупот од Буенос Аирес го одбра името Франсиск, кое поглавар на Католичката црква ќе го носи за прв пат.
МакфаксРуската православна црква го поздрави изборот на новиот папа Франсиск Први, изјави во

Пронајдете не на следниве мрежи: