четврток, 26 ноември 2026
Најново

РУСКА РАФИНЕРИЈА НАПАДНАТА СО ДРОНОВИ Небото пожолте, објавени е застрашувачки снимки – „Изгоре!“ (ФОТО/ВИДЕО)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Гувернерот на Саратовската област во Русија, Роман Бусаргин, денес објави дека цивилната инфраструктура е оштетена како резултат на нападот со украински беспилотни летала, а Киев тврди дека цел на нападот била рафинерија за нафта во рускиот регион.

– Има штета на цивилната инфраструктура – напиша Бусаргин на Телеграм, пренесува Интерфакс.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој не даде повеќе детали за овој напад.

Претходно, Руската федерална агенција за воздушен транспорт објави дека на аеродромот Саратов (Гагарин) се воведени привремени ограничувања за пристигнување и заминување на авиони , кои продолжија во текот на целото утро.

Украинските власти утрово објавија дека нивните беспилотни летала нападнале рафинерија за нафта во Саратов. Раководителот на Центарот за борба против дезинформациите при Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Андриј Коваленко, во објава на Телеграм тврди дека „рафинеријата во Саратов изгорела по напад со беспилотни летала“, пренесува Укринформ.

Поврзани вести