Руските сили соборија 98 украински дронови над регионот преку ноќ. 76 дронови беа пресретнати и уништени над Централниот федерален округ: 45 над Белгородската област, 11 над Московската област, вклучувајќи шест дронови што се приближуваа кон Москва, 10 над Воронежската област, четири над Тулската област, по две над Липецката и Рјазанската област и по едно над Курската и Калушката област, објави Интерфакс.
Дополнително, 12 дронови беа неутрализирани во Самараската област, 10 во Ростовската област.
Шест дронови што летаа кон Москва синоќа се уништени, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин, според Танјуг.
„Силите за воздушна одбрана на Министерството за одбрана соборија два дрона што летаа кон Москва“, напиша градоначалникот на својот Телеграм канал. Претходно тој изјави дека четири дрона биле неутрализирани додека се приближувале кон главниот град.



