Руски беспилотни летала ја нападнаа јужна Украина, Одеса останува без струја 

Откако руски воздушен напад оштети една од високонапонските трафостаници на главниот украински енергетски снабдувач, ДТЕК објави дека има прекин на електричната енергија во пристанишниот град Одеса.„Ситуацијата останува тешка. За да се избегне метеж во мрежата, денеска нема да се распределува струја во градот, а ограничена е и индустриската потрошувачка“, соопшти ДТЕК на Телеграм.Администрацијата во Одеса на Телеграм објави дека градот и регионот биле нападнати со дронови лансирани од Русија.Четири од нив се урнаа над Одеса и соседната област Миколаев,Парчиња од соборените дронови паднале на трафостаници предизвикувајќи пожари, принудувајќи ја тамошната управа да ги исклучи за да се избегне најлошото.Од ДТЕК најавија дека денеска се очекува обновување на снабдувањето со електрична енергија во други два региона.

Пронајдете не на следниве мрежи: