Руски психолог открива изненадувачки, но ефикасен метод за ослободување од стравовите

Рускиот психолог Александар Свијаш, по долготрајна работа во областа на фобиите, решил да го сподели најдобриот метод со чија помош брзо и едноставно ќе ги победите сите стравови со кои ќе се соочите во вашиот живот. Станува збор за постапка од 3 фази, која доколку ја издржите до крај, вашите фобии и стравови ќе исчезнат за само неколку минути.

Прва фаза:

Кога ќе почувствувате страв, веднаш, намерно и претерано, исплашете се најмногу што можете. Почнете да треперите со целото тело, почувствувајте како сите влакненца на вашето тело полека се подигнуваат.

Втора фаза:

Направете еден чекор на страна и во умот видете се себеси, крај вас, странично. Дајте ѝ слобода на вашата фантазија и обидете се да се замислите како стоите до самите вас. Набљудувајте се во ова исплашено и бледо издание, додека треперите со целото тело. Забележете како по вашето лице тече студена пот и се разлева како река по подот, додека сите влакненца на вашето тело се наежени. Слушнете како тропате со забите гласно. Обидете се да го видите вашиот напор да се обидете да се скриете под ќебе и да избегате од светот.

Трета фаза:

По кратко набљудување, вие ќе почнете да се смеете на личноста која ја гледате крај себе. Ќе се насмеете на самите себеси. И додека го правите тоа, стравот едноставно ќе исчезне. Откако еднаш нешто ќе ви стане смешно, никогаш повеќе нема да го доживувате како страшно. Оваа едноставна техника многупати е тестирана и се смета како метод кој дава извонредни резултати. Па, следен пат кога ќе се почувствувате исплашено или панично, испробајте ја оваа вежба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.