Рускоска на “Сител“: Синот на Катица рече дека вториот телефон е загубен во Белград (ВИДЕО)

Во интервју за ТВ “Сител“ јавниот обвинител Вилма Рускоска, која од премиерот Зоран Заев беше предложена за раководител на ЈО за гонење на организиран криминал и висока корупција, во однос на случајот “Рекет“ истакна дека Судот мора да ги прифати аудио и видео снимките како доказ. Таа нагласи дека вештачењето на телефонот на Јавниот обвинител Катица Јанева кој минатата недела и беше одземен во врска со случајот “Рекет“ ќе заврши во најскоро време, понеделник најдоцна вторник.  Таа посочи дека синот на Катица Јанева рекол дека вториот телефон и е изгубен во Белград.
Во врска со евентуалниот нејзин избор за раководител на новото ЈО за гонење на организиран криминал и висока корупција, обвинителката Рускоска истакна дека треба да се почека да излезе конечното законско решение од Собранието, но дека таа има доволно искуство, повеќе од 22 години е обвинител и дека доколку биде избрана ќе ја исполни задачата.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.