Рускоска: Сакав да слушнам што има да каже Јанева, притворот за неа е неопходна мерка

Обвинителката Вилма Русковка по излегувањето од Кривичниот суд, кога беше одредена мерка притвор за Катица Јанева, изјави дека сметале оти во овој момент е неопходно да се одреди мерка притвор за специјалната јавна обвинителка во оставка.
Најголем дел од доказите во текот на шест месеци се прибрале во текот на предистрагата.
Нагласи дека истрагата е се уште отворена и додаде дека постои судир на интереси поради тоа што Павлески е адвокат на Јанева, а тој е и адвокат на Цветан Панделевски осомничен во „Империја“. Додаде дека на нејзино барање треба да се земе обврската Павлески да ги откаже полномоштвата за другите осомничени во други предмети на СЈО.

Таа додаде дека засега нема други осомничени во „Рекет“, но тоа не значи дека таа не може да се прошири на други лица.
На новинарско прашање што се сменило од вчера до денес, кога вчера Јанева даде исказ, а денес веќе доби притвор од 30 дена, таа вели:
-Не знам што ви изјавила колешката, но знам како што сум ја повикала – како лице од кое се собираат потребни известувања, изјави вечерва пред новинарите обвинителката Вилма Рускоска по распитот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во Кривичниот суд.
Обвинителката рече дека ѝ дала шанса на колешката да даде свое видување, па затоа вчера ја повикала во Обвинителството. На новинарско прашање што значи тоа „свое видување“, Рускоска одговори:
-Предметот е многу експониран во јавноста, многу работи излегоа во јавноста и едноставно прво сакав да ја слушнам што има да каже. Не ја сослушав како сведок, туку како лице од кое се собираат потребни известувања. Не знам што кажала, јас ви кажувам во кое својство ја испитував, рече Рускоска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.