Руте: НАТО останува на Косово и во БиХ

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека Алијансата останува присутна на Косово и во Босна и Херцеговина преку мисиите КФОР и ЕУФОР.

Во разговор со новинарите на Самитот на НАТО во Хаг, тој нагласи дека НАТО останува фокусиран на Западен Балкан, и покрај фактот што регионот не беше тема на Самитот.

„КФОР е во Косово. ЕУФОР е во Босна и Херцеговина. Го посетив регионот, имаше разговори со лидерите во Босна и Косово. Вечерав во Брисел со претседателот на Србија. Значи, НАТО е многу вклучен“, рече Руте, како што беше објавено на веб-страницата на НАТО. Тој додаде дека и Европската Унија е многу вклучена. „Имаме тесна соработка со Каја Калас и Урсула фон дер Лајен од европска страна“, рече Руте.

Пронајдете не на следниве мрежи: