Руте: Русија трпи луди загуби во Украина

Русија трпи луди загуби во Украина, проценети на околу 65.000 војници во последните два месеци. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, го изјави ова денес на Минхенската безбедносна конференција, објави Ројтерс.

Одделно, на медиумска тркалезна маса, Руте истакна дека НАТО е доволно силен сојуз за Русија да не се обиде да го нападне токму сега.

„Ќе ја добиеме секоја битка со Русија ако нè нападнат сега и мора да се осигураме дека истото ќе биде точно за две, четири, шест години“, додаде тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: