САД воведоа нови санкции врз компании поврзани со транспорт на иранска нафта

Американскиот Стејт департмент денес воведе санкции против две кинески компании кои управуваат со терминал и складиште за сурова нафта и нафтени деривати, а кои овозможија нелегален увоз на милиони барели иранска нафта преку голем број танкери регистрирани во САД.

Според соопштението на Стејт департментот, ова е четврта рунда санкции против кинеските оператори на терминали кои играат клучна улога во иранската мрежа за трговија со сурова нафта која го финансира иранскиот тероризам во странство и го дестабилизира регионот.

Во соопштението се додава дека со овој потег САД го потиснуваат протокот на приходи што иранскиот режим ги користи за своите дестабилизирачки активности, вклучително и поддршка на тероризмот во странство и угнетување на сопствениот народ.

Пронајдете не на следниве мрежи: