Руската војна против Украина ја нагласува итноста и важноста на нашата работа да им помогнеме на земјите од Западен Балкан да ги постигнат своите аспирации за европска интеграција и членство во евроатлантските институции, изјавија од прес-службата на Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски, на барањето да ја искоментираат изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Русија потенцијално може да предизвика нови кризи на Балканот.
- Куба: Ако Америка нè нападне, нема да им биде лесно
- Избрана најповолна понуда за 150 електрични автобуси: Условите ги исполниле две компании, најниска цена понудиле „IKARUS Electric“ и EVN
- ЦУК: Водата во Крушево да не се пие, за готвење и миење да се преврива најмалку 10 минути
- Освен што дебелеат, зашеќерените пијалоци предизвикуваат и здравствени проблеми
- Британија одговори на заканите на Иран: „Обединетото Кралство е подготвено да се брани“
Зеленски минатата недела предупреди дека Русија би можела да се подготвува да предизвика криза во балканскиот регион за да го оттргне вниманието од тековната војна во Украина.
– Посветени сме да работиме со земјите од Западен Балкан, нашите европски партнери и меѓународната заедница, за унапредување на реформите во управувањето, владеење на правото, изборните и антикорупциските реформи, кои ќе ја намалат можноста за малигно руско влијание и ќе донесат траен мир, стабилност и просперитет на регионот, се вели во изјавата на Стејт департментот.
САД минатата недела воведоа санкции за физички лица и 12 субјекти во Западен Балкан, меѓу кои и во Македонија, заради корупција, малигни активности и руско влијание во регионот.
Санкционирани во Македонија беа Сергеј Самсоненко, Ирина Самсоненко, Ратка Камчева, како и „Бет Сити Интернешнл“, „Камчев Консалтинг Скопје ДООЕЛ“, „Орка Фајненс Скопје ДООЕЛ“, „Орка Холдинг АД“ и „Систина Лајф Кеар Сентар“.
– Санкциите објавени од Стејт департментот и Одделот за финансии во четвртокот беа насочени токму кон овој проблем, поврзаноста меѓу руското малигно влијание и корупцијата. И двете ги попречуваат напорите на регионот да напредува кон членство во ЕУ и попросперитетна иднина, стои во изјавата.
Во неа се додава дека „земјите од Западен Балкан, како и сите земји во Европа, имаат длабок влог во исходот на руската војна против Украина, која ги загрозува темелите на воспоставениот меѓународен поредок и безбедност. Затоа е критично да продолжиме да стоиме заедно против руската агресија“.
Потсекретарот на Одделот за финансии за тероризам и финансиско разузнавање Брајан Е. Нелсон, рече дека Русија продолжува да го користи своето влијание на Западен Балкан за да ја спречи интеграцијата на регионот во меѓународните институции и организации.
– Акцијата ги потврдува пошироките напори на владата на САД за промовирање на мирот, стабилноста и функционалното демократско владеење во регионот на Западен Балкан“, изјави Нелсон при објавување на најновите санкции за лица и фирми на Западен Балкан минатиот четврток, пренесува Гласот на Америка.
Пронајдете не на следниве мрежи:



