САД и Индија потпишаа десетгодишен договор за соработка во одбраната

Соединетите Американски Држави и Индија потпишаа десетгодишен рамковен договор за одбрана, објави американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, пренесува Ројтерс.

-Рамката е камен-темелник за регионалната безбедност и одвраќање преку зајакнување на координацијата, меѓусебното управување со информации и технолошката соработка меѓу двете земји – нагласи Хегсет во објава на платформата Икс, по состанокот со неговиот индиски колега Раџнат Синг.

-Нашите одбранбени врски никогаш не биле посилни, потенцира Хегсет.

Пронајдете не на следниве мрежи: