САД на сила сака да ја внесе Македонија во НАТО, вели Лавров. Меѓусебни препукувања за уставните измени

Уставните измени во Македонија се наметнати со уцени, поткуп и со директна вмешаност на странски дипломати, вели рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во интервју за грчкиот весник „Ефимерида”, потенцирајќи дека е очигледна големата и континуирана интервенција на НАТО и ЕУ во внатрешните работи на Македонија.
Лавров во интервјуто обвинува дека мнозинството за уставните измени поврзани со Преспанскиот договор во Македонија било постигнато со „уцени и поткуп на пратеници“ во што бил вмешан и амбасадорот на САД во земјата.
Вашингтон изрази загриженост поради големото влијание на Русија во Македонија и пошироко на Балканот, обвинувајќи ја за обиди за поткопување на владите и блокирање на нивниот напред кон европската интеграција. Москва негира и го обвини Западот дека се обидува да влијае врз регионот. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.