САД тврдат дека Кина и Русија сакаат поголема контрола на интернетот

Кина и Русија сѐ повеќе купуваат моќна технологија за надзор како би ги пресретнувале комуникациите и се обидуваат да воспостават контрола над интернетот, изјави во четвртокот висок американски функционер.

 
Ален Рос, виш советник за иновации на американскиот државен секретар, изјави дека новите „играчи” како што се Тајланд и Украина ќе го одредат идниот изглед на интернетот, така што ќе се одлучат дали ќе се отворат глобално или ќе се свртат кон позатворените национални „интернети”, пишува Reuters.
Неговите коментари, како што пишува агенцијата, дополнително потврдуваат дека не постои договор за начинот за регулација на интернетот, откако во 2012 година пропадна обидот да се утврди глобалната политика за управување со интернет.
„Многу средноисточни земји, Русија, Кина а веројатно и другите, заземаат сѐ поагресивен пристап во желбата да го контролираат интернетот”, изјави Рос на прес-конференција.
„Во светот во кој земјите како што се Русија , Кина и другите во целосно поинаква позиција отколку што се САД и имаат потполно поинаква замисла за тоа како да се управува со интернет, мислам дека е многу тешко да се пронајде решение за некои од тие прашања”, додал Рос.
Рекол дека Кина, Русија и други земји купувале технологија за надзор, но не ги утврдиле ограничувањата коишто се бараат во САД, каде што само судија може да нареди нивна употреба во одреден период.
„Така тие земји вложуваат милијарди и милијарди долари во следната генерација технологии за надзор”, додал американскиот претставник.
САД и Кина со месеци се во конфликт поради употребата на интернетот, меѓусебно обвинувајќи се за уапд во чувствителните мрежни страници на владите.
Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама се обидува да го убеди остатокот од светот дека е решителна во „одбрана на интернетската слобода”, „најголемиот приоритет во американската надворешна политика”, поради што минатата година ги одбила глобалните преговори, тврди Рос.
Групата земји коишто ги предводи Русиај сакаше одлуки кои ќе отворат пат кон поголема регулација во информатичкиот простор во врска со прашањата како што се спамовите безбедноста и доделувањето на адресите на мрежните страници.
Меѓутоа, Рос вели дека триесетина нови земји, наместо постојните интернетски велесили, ќе имаат пресудна улога во носењето на одлуката дали интернетот ќе биде отворена глобална мрежа или ќе биде „прикрпена од националните интернети” .
„За тоа нема да одлучуваат големите земји како САД, Кина и Русија, туку сѐ повеќе земјите како Тајланд, Украина и многу други коишто од неодамна се информатизираа и носат правила за управување во рамките на сопствените телекомуникациски системи”, додал Рос.
Рос кој додал дека си заминува од владата за да се посвети на пишување книга и основање компанија, имаше излагање во Женева каде САД ја доделија наградата Internet Freedom Fellows, на шест поединци заслужни за надвладување на предизвиците во своит земји, меѓу кои во Русија и во Иран.
Макфакс
Кина и Русија сѐ повеќе купуваат моќна технологија за надзор како би ги пресретнувале комуника

Пронајдете не на следниве мрежи: