САД ја повикаа Украина да ги запре нападите врз руските нафтени рафинерии

Украинскиот вицепремиер денеска изјави дека руските рафинерии за нафта се легитимни цели на украинските напади, по медиумскиот извештај дека САД побарале од Киев да ги запре нападите со беспилотни летала врз руските рафинерии.Украина драматично ги засили нападите врз руската енергетска инфраструктура овој месец, изведувајќи повеќе удари со беспилотни летала со долг дострел врз најголемите руски рафинерии, принудувајќи некои привремено да го прекинат производството.„Ги разбираме повиците на американските партнери, но во исто време се бориме со капацитетите, ресурсите и практиките што ги имаме“, рече Олха Стефанишина на Безбедносниот форум во Киев.Таа рече дека руската енергетска инфраструктура е легитимна цел од воена гледна точка.„Фајненшл тајмс“ цитира извори запознаени со ова прашање дека Вашингтон го повикал Киев да ги прекине нападите, предупредувајќи на ризикот од предизвикување одмазда и зголемување на глобалните цени на нафтата.Нападите придонесоа за пораст на цените на нафтата, кои се зголемија за речиси 4 отсто откако Украина нападна голема нафтена рафинерија на 12 март.

Пронајдете не на следниве мрежи: