Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАК) во Министерството за финансии на САД ја продолжи лиценцата за работа на српската нафтена компанија НИС, како и лиценцата за преговори на унгарската компанија МОЛ до 1 јули 2026 година.
Од НИС соопштија дека продолжената лиценца ѝ овозможува на компанијата да продолжи со работењето и да учествува во договори што се однесуваат на неа или на нејзините оперативни друштва. Ова го вклучува и работењето на рафинеријата, увозот на сурова нафта, спроведувањето трансакции неопходни за техничка реализација и за сигурноста на снабдувањето, како и финансиските операции.
Истовремено, МОЛ може да ги продолжи преговорите со руската компанија „Гаспромњефт“ за купување на удел од 56,15 проценти во НИС.
Претходната лиценца на двете компании истече на 16 јуни.
Вчера Србија и унгарската нафтена компанија МОЛ потпишаа договор за управување со НИС.
Администрацијата на САД воведе санкции за НИС, стратешка нафтена компанија во Србија, поради нејзиното мнозинско руско сопствеништво, со цел да се спречи користењето на руските приходи од енергетскиот сектор за финансирање на војната во Украина.
Санкциите беа воведени на почетокот на 2025 година, но по неколку одложувања, стапија во сила во октомври истата година.



