Дејвид Камерон, новоименуваниот шеф на британската дипломатија , денеска во Киев му вети на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Велика Британија ќе продолжи да дава воена поддршка за Украина.
- Голем пожар во Кочани, изгореа автобуси, гаражи и канцеларии
- Кинезите се чекор поблиску до ефикасна терапија за тешко оштетување на мозокот: Објавени се резултатите од клиничкото испитување
- Жител на Сарај претепан додека чекал со возилото на семафори
- Земате апчиња за спиење сами? Можете да предизвикате проблеми, а еве ја најважната работа што треба да ја направите
- Од тајни љубови до брак со 32 години помлада: Сите жени кои го одбележаа животот на Миша Ковач
Пристигнувањето на Камерон во Киев е негово прво патување во странство од неговото назначување за министер за надворешни работи.
– Сакав ова да биде моја прва посета. Ќе продолжиме да ви даваме морална, дипломатска, економска, но пред се воена поддршка што ви е потребна не само оваа и следната година, туку се додека е потребна – рече Камерон на средбата со Зеленски, соопштија од украинското претседателство.
Володимир Зеленски, Дејвид Камерон
Зеленски му се заблагодари на Камерон за неговата посета.
– Ви благодариме што дојдовте, ова е многу важно. Светот не е фокусиран на ситуацијата на бојното поле во Украина… поради кризата на Блискиот Исток – рече Зеленски.
Тој изјави дека на состанокот со британската делегација се зборувало за „доставување оружје на фронтот, зајакнување на воздушната одбрана, заштита на украинското население и основната инфраструктура“.
Пронајдете не на следниве мрежи:



