САКАЛ УШТЕ ДА УБИВА: Детали за напаѓачот од Нов Зеланд

28 годишниот Брентон Тарант, кој е осомничен дека стои зад убиството на 49 луѓе во џамиите во Нов Зеланд, утринава се појави пред судот.
По кратко сослушување одреден му е притвор до следното судење закажано за 4-ти април.
И покрај силното полициско обезбедување се случи инцидент кога непознат маж се обидел да влезе во судот во Крајстчрч, наводно сакал да го нападне и со нож да го избоде терористот. Според Би-би-си на тамошните новинари неидентификуваниот маж им го покажал ножот што го имал со себе, а кога е спречен во намерата, признал дека имал намера да влезе и да го убие Тарант.
Премиерот на Нов Зеланд, Јажинда Ардер истакна дека напаѓачот бил вооружен „до заби“.
За само еден ден е формиран доброволен фонд за поддршка на семејства на настраданите во нападот врз две џамии во новозеландскиот град Крајстчрч. Собрани се 2,7 милиони новозеландски односно 1,8 милиони американски долари.


Масакрот, кој е извршен за време на петочната молитва, е најсмртоносниот напад во историјата на Нов Зеланд.
Тарант последните 7 години патувал низ повеќе земји во светот, но неговите неколку посети на Европа, погодена од мигрантскиот бран биле тие кои го погодиле најмногу. Тој имал и балканска турнеја, извршена кратко по завршувањето на мигрантскиот бран и затварањето на Балканската рута. Тарант ги посетил сите земји освен Македонија, Албанија и Грција, а повеќе пати престојувал и во Турција.
Во манифестот на 74 страници, Тарант ги објаснува неговите мотиви и тврди дека нападот го извршил како одмазда за терористичките напади во Европа извршени од муслимани кои на стариот континент дошле под маската на мигранти.
Тој тврди дека нападот го планирал со месеци. Освен него, по нападот се уапсени и две други лица, но за сега Тарант е единствениот осомничен дека го извршил нападот.
Поранешен инструктор по фитнес во руралниот дел на Австралија, изјави дека е обичен белец, од работничка класа, кој е импресиониран со неофашистичката идеологија.
Тарант кога влезе во судницата со раката го направи знакот на белите супрематисти. Се препоставува дека претходно не бил осудуван, тзатоа што не бил на списокот на службите за безбедност во Нов Зеланд, како потенцијално опасен граѓанин со полициско досие.
Тарант пораснал во градот Графтон, на северот во австралиската сојузна држава, Нов Јужен Велс, каде по средното училиште завршил школа за фитнес инструктори.
Сопственичката на теретаната во која работел изјави дека тој бил вреден работник, но се променил по патувањата низ Европа и Азија. Според неговите објави на „Фејсбук“, тој најверојатно бил и во Пакистан и Северна Кореја, пишува АФП.
Тарант самиот рече дека бил во Франција, Шпанија и Португалија.
Рече дека е изненаден од инвазијата на странци во француските градови и додаде дека е очаен затоа што во вториот круг на претседателските избори била поразена кандидатката на екстремната десница, Марин Ле Пен.
Напаѓачот кажа дека имал нормално детство и младост. Додава дека е расист и фашист и дека е Освалд Мозли, кој во 1932 година ја основал Унијата на фашистите во Велика Британија, една од историските личности која му била најблиска по убедувањата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.