Потажен од кога било, Мохамед Салах се збогува со Африканскиот куп на нации, можеби последната голема шанса за освојување на трофејот со Египет, а статистиката од полуфиналниот дуел е навистина поразителна.
Салах одамна не одиграл полош натпревар, а можеби е и најлошиот во неговата кариера. Податоците го кажуваат тоа.
Сенегал победи со 1:0 во полуфиналето против Египет и беше неспоредливо подобар ривал. Натпреварот заврши со сооднос на шутеви 12:2 во корист на Сенегал, а Египќаните го имаа единствениот шут кон голот во 94-тата минута од натпреварот, што доволно зборува за супериорноста на Сенегал.
Статистиката на Мохамед Салах, кој е критикуван од јавноста за „непојавување“ во полуфиналето против Сенегал, е особено впечатлива.
Верувале или не, Мохамед Салах за прв пат во животот не ја допре топката во противничкиот шеснаесетник, а ова доволно зборува за слабоста и на Египет и на самиот Салах.
Исто така, Салах победи само во четири од 15 дуели, а ја загуби топката 14 пати во текот на натпреварот.
Тој не успеа да упати ниту еден удар кон голот, а имаше само девет точни додавања за 90 минути игра.
Салах сè уште не освоил ниту една титула во африканскиот шампионат и малку е веројатно дека ќе го стори тоа кога ќе го погледнеме квалитетот на Египет, кој е во постојан пад, и напредокот на Мароко, Сенегал, Алжир и Нигерија.
The post Салах „не се појави“ во полуфиналето на Африканскиот куп, тој забележа негативен рекорд каков што не го памети во кариерата appeared first on Во Центар.



