Начелото за соодветна и правчна застапеност произлегува од Охридскиот договор и го карактеризира мултиетничкиот карактер на Северна Македонија. За време на разговорите за формирање на влада, едно од нашите барања беше и донесување на закон за правична и соодветна застапеност, затоа со задоволство можам да кажам дека за првпат правичната и соодветна застапеност се воведува како законска материја, односно се издигнува на ниво на закон.
Ова го изјави првиот вицепремиер и министерот за европски прашања Беким Сали, образложувајќи го предлог-законот за соодветна и правична застапеност пред Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието, на која во прво читање се разгледува Предлог-законот за правична и соодветна застапеност.
Со овој закон, посочи Сали, се става крај на претходните решенија, кои беа делумни или недоволни.
-Балансерот беше само дигитална алатка и делумно решение која не може да се спореди со едно сеопфатно законско решение. По 23 години ние како ВРЕДИ конечно го заокружуваме ова прашање со закон. Овој закон ја ужива поддршката од Советот на Европа бидејќи за него е дадено позитивно мислење од Венецијанската комисија, истакна Сали.
Министерот додаде дека со овој закон Владата прави историски чекор во унапредување на Охридскиот рамковен договор и оти тој нуди неколку важи решенија и се темели на реални податоци.
-Законот го штити правото на слободно самоизјаснување, но истевремено ја спречува неговата злоупотреба. Доколку се утврди злоупотреба ва оваа насока, кандидатите ќе бидат одбиени и ќе немат право да аплицират на јавните конкурси во период од три месеци, посочи тој.
Сали ги повика сите пратеници да го поддржат овој предлог на закон, бидејќи, како што посочи, правичната и содветната застапеност не е прашање што му припаѓа само на ВРЕДИ или на една политичка партија, таа е темелна вредност на уставниот поредок и државен интерес на Северна Македонија.
Во текот на дискусијата беше истакнато дека начелото на правична и соодветна застапеност е уставна вредност која произлегува од Охридскиот рамковен договор и претставува еден од темелите на мултиетничкиот карактер на државата.
Пратениците од опозициските партии на Албанците го критикуваа законското решение, посочувајќи дека со него не се предвидени квоти ниту, пак, како ќе се контролира дали правичната застапеност се почитува, а тоа, велат, ќе има долгорочни последници. Укажаа дека правичната и соодветената застапеност се столбот на Охридскиот рамковен договор и на Уставот.
Пратеникот Елми Азири од Алијанса за Албанците критикуваше дека на овој закон му недостасуваат критериуми и стандарди. Според него, предлог-законското решение нема механизми за спроведување, ниту санкции.
The post Сали: Законот за правична и соодветна застапеност е системско решение за зајакнување на еднаквоста и мултиетничкиот карактер на државата appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



